КИБС–ЕРТС
Единствениот регистар на трансакциски сметки (ЕРTС) ги обединува податоците за трансакциските сметки на учесниците во платниот промет што се водат во регистрите на трансакциски сметки кај носителите на платен промет.
Услугата КИБС-ЕРTС се состои од:
Прием на информации за измени во регистрите на трансакциски сметки кај носителите на платниот промет
Ажурирање на примените податоци во ЕРTС
Информирање на корисниците на услугата за измените во ЕРTС
КИБС ги добива и обединува информациите за сметките кои се водат во Трезорската главна книга во МФ и Трезорската главна книга во ФЗО и истите ги проследува до останатите учесници во платниот систем.
Носителите на платниот промет може да пријавуваат нова сметка и промена на веќе постоечка трансакциска сметка преку веб сервис 24х7 online.