Услуги од дигитална доверба
Активноста на давател на услуги на дигитална доверба КИБС ја започнува во 2002 година, а денес ја извршува преку брендот KIBSTrust.

Позади KIBSТrust стои регистриран Квалификуван давател на доверливи услуги кој своето работење го усогласи со законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги (МК-eIDAS) и регулативата на ЕУ 910/2014 (eIDAS).

KIBSТrust генерира дополнителна вредност на пазарот во Македонија преку своите иновативни доверливи услуги за издавање на дигитални сертификати за електронски потписи, електронски печати, временски жигови, силна автентикација. Нашите услуги од дигитална доверба ги користат банки, финтек компании, здравствениот сектор, професионални здруженија, јавни администрација, физички лица и други даватели на доверливи услуги.