КИБС–ЕРТС
Единствениот регистар на трансакциски сметки (ЕРTС) ги обединува податоците за трансакциските сметки на учесниците во платниот промет што се водат во регистрите на трансакциски сметки кај носителите на платен промет.
Услугата КИБС-ЕРTС се состои од:
КИБС ги добива и обединува информациите за сметките кои се водат во Трезорската главна книга во МФ и Трезорската главна книга во ФЗО и истите ги проследува до останатите учесници во платниот систем.
Носителите на платниот промет може да пријавуваат нова сметка и промена на веќе постоечка трансакциска сметка преку веб сервис 24х7 online.
КИБС–Блокада
Со услугата КИБС-Блокада, КИБС АД Скопје ги обединува информациите за блокада и деблокада на трансакциските сметки кои се водат во регистрите на носителите на платен промет и истите ги проследува до останатите учесници.
Учесници во услугата КИБС-Блокада се учесниците во платен систем КИБС и КИБС-ЕРТС, освен Трезорот на МФ и Трезорот на ФЗО.
КИБС-ИНАП (КИБС-Интегрирана наплата на сметки)
Услуга која на носителите на платен промет им овозможува интегрирана наплата на плати и персонален данок според податоците пријавени од УЈП.
Функционално оваа услуга е поделена на два дела:
КИБС-НАПС (КИБС-Наплата на сметки)
Услуга која овозможува преглед и наплата на обврски, според податоците пријавени од доверителите.
И оваа услуга функционално е поделена на два дела:
Размена на податоци со Централен Регистар на РМ и банките
Услугите на КИБС наменети за размената на податоци помеѓу Централен Регистар на РМ и банките се:
KACheck (КИБС Account Check)
Услуга за проверка на податоци за дадена трансакциска сметка според пријавените податоци од банките во Единствен Регистар на Трансакциски Сметки (ЕРТС).
Услугата овозможува проверка на пар податоци за трансакциска сметка и ЕМБГ за физичко лице, односно трансакциска сметка и ЕДБС за правно лице.
Услугата на корисниците им е достапна на три начини:
КИБС-РДО (КИБС-Размена на податоци за даночни обврзници)
Услугата за размена на податоци за даночни обврзници е наменета за достава на податоци со промени во Регистарот на даночни обврзници пријавени од УЈП до носителите на платен промет - корисници на овој сервис.